Намалена цената на геотермалната вода во Кочани

Цената на геотермалната вода се намалува за 1,2 денари по метар кубен и наместо 31,6 денари ќе изнесува 30,4 денари за метар кубен, одлучи Советот на општина Кочани на денешната редовна седница .
- Ваква одлука донесе Управниот одбор на КЈП „Водовод“ на последната итна седница, која се одржа на 12 јануари годинава. Советот на општина Кочани на денешната седница само ја потврди одлуката за намалувањето на цената на геотермалната вода, изјави Љупчо Папазов, директор на КЈП„Водовод“ од Кочани, претпријатие кое стопанисува со геотермалниот систем во Кочанско.
Одлуката за намалување на цената на термалната вода, според Папазов, е донесена врз основа на промена на цените на поедини калкулативни елементи кои влегуваат во структурата на цената, а намалениот износ е изработен од стручните служби во претпријатието.
Со ова намалување во екот на зимската сезона и во услови на поларни температури кои го загрозуваат оранжериското производство, се дава значаен придонес во намалувањето на трошоците на раноградинарите и побезболно пребродување на критичниот период бидејки драстично е зголемената потрошувачка на термална вода и други енергенси за одржување на производството. Краставиците во малопродажба се продаваат по 160 денари, а доматите по 120 денари за килограм.
Ново на Сител
-

Предлог-буџетот утре на амандмантска расправа
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештајот за напредокот на Македонија презентиран во Парламентот
-

Со торта во Брисел, Албанија го прослави отворањето на последниот кластер од преговорите со ЕУ
-

Во 34 години македонскиот Устав е сменет 8 пати, претседателот на Уставен повикува на негово почитување
-

Авто-школите ги поскапеа обуките за 35%
