Намален родот на модри сливи во Малеш и Пијанец
Годинашниот род на модри сливи во регионот на Малеш и Пијанец е намален поради пролетните мразеви кои предизвикаа измрзнување на плодовите и овошките на некои насади и од 70 до 100 проценти.
Од подрачните единици на Министерството за земјоделство во Берово и Делчево информираат дека помали оштетувања се евидентирани на насадите коишто се наоѓаат во повисоките региони.
Од комбинатот „Малеш бреза“ од Берово велат дека од очекуваните две илјади тони сливи во Малешевијата, ќе се наберат само 200 тони.
- Оваа година во Малешевијата може да се каже дека нема сливи. Температурите во април, кога беше формиран плодот, паднаа до -7 степени, така што останаа сливи само на повисоките региони. Нашиот комбинат кој има насади со сливи на 60 хектари, наместо очекуваните 300 тони, нема да набереме ниту три килограми, изјави Гоце Дочински од комбинатот „Малеш бреза“, додавајќи дека трпат загуби од 200 илјади евра.
Според него, цената на сливите годинава е ниска и се движи од 5 денари за килограм за индустрија до 7 денари за килограм прва класа.
Од комбинатот „Рудине“ во Делчево посочуваат дека годинава цената на сливите е ниска бидејќи пласманот на европскиот пазар оди тешко што резултира со ниска откупна цена.
Во регионот на Малешевијата и Пијанец годишно се произведуваат над четири илјади тони сливи, но годинава се очекуваат околу 1000 тони.
Ново на Сител
-
Коалицијата на СДСМ вечерва во Штип и Пробиштип
-
Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ вечерва во Струга и Ресен
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Почна судењето за поранешната претседателка на Антикорупциска
-
Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражуваат и други лица и институции
-
Ветувања на коалиција ВМРО-ДПМНЕ: Нови автобуси, БРТ за Скопје, гаражи во Карпош
-
Филипче: Власта е прочитана како буквар, ниту една реформа не е спроведена
-
Справување со корупцијата, решенија за јавен превоз и хигиена - Изборни ветувања на албанските партии