Најубавата жена во светот брутално претепана од сопругот: Објавено видео во кое гола бега од мажот кој сакал да ја убие
Неодамна ММЕ заедницата ја потресе веста за Рејчел Остовиќ, дамата за која се зборуваше дека е најубава во светот на овој спорт, а сега целиот скандал доби расплет.
Пред еден месец таа беше брутално претепана, а заврши во болница со сериозни повреди. Виновник за нејзиниот напад бил нејзиниот сопруг Арнолд Бердон, со кој ја има ќерката Руби Роуз.
Но, на судење Бердон се изјаснил како невин, истакнувајќи дека тоа било само една во низата нивни кавги, но американските медиуми стигнале до снимка, која го докажува спротивното.
На снимката која е со лош квалитет, но сепак доволно јасен да се утврди вистината, Арнолд во два наврати ѝ се заканува на Рејчел дека ќе ја убие, додека таа го моли и плаче за да престане. За се да биде пострашно, се гледа и нејзиното бегство во кое скока од тераса висока три метри и тоа целосно гола.
Бердон ќе биде обвинет за физички напад со нанесување телесни повреди.
Ново на Сител
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите