Најмногу дожд во Лазарополе, на Шапка 26 сантиметри снег
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Лазарополе, 32 литра на метар квадратен, а најмалку во Битола, Гевгелија и Демир Капија, еден литар на единица површина.
Како што информира УХМР, измерени се и 22 литра на метар квадратен во Пожаране, 20 во Маврови Анови, 16 во Тетово, 15 во Дебар, 9 во Попова Шапка, 5 во Претор, 4 во Скопје Зајчев Рид, 3 во Куманово и Крушево, како и 2 литра Берово, додека на Попова Шапка има снежна покривка со дебелина од 26 сантиметри.
Минималните температури до 8:30 часот се движеа од -1 степен на Попова Шапка и Лазарополе, еден во Маврови Анови, 2 во Тетово и Берово, 3 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп и Струмица, 6 во Битола, Претор и Дебар, 7 во Гевгелија, 8 во Штип, Охрид, Крива Паланка, Виница и Дојран, како и 9 во Демир Капија.
Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито. Особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, кои на северозапад ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен. Снег ќе има само на повисоките планински врвови. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 13 степени.
Ново на Сител
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС