Најмалку 41 лице загина во поплавите во североисточна Индија
Најмалку 41 лице загина во поплавите во една долина во североисточна Индија, предизвикани од излевање на глечерното езеро на Хималаите.
Поплавите однесоа повеќе од 270 куќи и 11 мостови, а илјадници луѓе мораа да бидат евакуирани, соопштија локалните власти.
Кога се излеа, езерото ја проби најголемата хидроелектрична брана во државата Сиким, поплавувајќи села во долината. Повеќе од 2.000 луѓе се спасени по поплавите, соопшти Државната управа за управување со катастрофи во Сиким, додавајќи дека се формирани 26 кампови за повеќе од 22.000 луѓе погодени од поплавите.
Стотици спасувачи се уште се на терен и бараат околу 100 исчезнати лицa.
Нивото на езерото Лонак се зголемува во последните години бидејќи глечерите се топат поради климатските промени, што врши дополнителен притисок врз браната. Сепак, причината за пукањето на браната се уште не е утврдена.
Експертите укажуваат на ненадејни обилни врнежи од дожд во областа и земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди блискиот Непал ден пред пукањето.
Ново на Сител
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро
-
Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси
-
Запален автомобилот на Ѓорѓи Галетановски Чомбе, вели немал закани, ниту непријатели
-
Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025