Најмалку 41 лице загина во поплавите во североисточна Индија
Најмалку 41 лице загина во поплавите во една долина во североисточна Индија, предизвикани од излевање на глечерното езеро на Хималаите.
Поплавите однесоа повеќе од 270 куќи и 11 мостови, а илјадници луѓе мораа да бидат евакуирани, соопштија локалните власти.
Кога се излеа, езерото ја проби најголемата хидроелектрична брана во државата Сиким, поплавувајќи села во долината. Повеќе од 2.000 луѓе се спасени по поплавите, соопшти Државната управа за управување со катастрофи во Сиким, додавајќи дека се формирани 26 кампови за повеќе од 22.000 луѓе погодени од поплавите.
Стотици спасувачи се уште се на терен и бараат околу 100 исчезнати лицa.
Нивото на езерото Лонак се зголемува во последните години бидејќи глечерите се топат поради климатските промени, што врши дополнителен притисок врз браната. Сепак, причината за пукањето на браната се уште не е утврдена.
Експертите укажуваат на ненадејни обилни врнежи од дожд во областа и земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди блискиот Непал ден пред пукањето.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни пожари во Липково и во Студеничани, 29 изгаснати
-
Во ЕП дискусија за употребата на сила против српските демонстранти и за демократијата во Србија
-
Администрацијата на Трамп започна со апсења на имигранти во Чикаго
-
СОЗР ќе информира за новите таблички за службени возила, чиј рок за замена е до 15 септември
-
Две комисии ќе заседаваат во Собранието
-
Сончево и ветер од јужен правец
-
Пред дуелот со Велс, македонските фудбалери ќе имаат контрола со Летонија
-
46-годишен маж од Скопје се удави во Дебарско Езеро