Loading Video...
Свет
8. September 2025 - 12:33

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разгледува нови санкции против Русија. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, претходно напомена дека САД се „подготвени да го зголемат притисокот“ врз Русија за да ја заврши војната во Украина, повикувајќи ги Европејците да го сторат истото.

Изјавите следеа по рускиот воздушен напад врз Украина во кој загинаа пет лица претходната ноќ, што повторно укажува на застојот во дипломатските разговори за завршување на конфликтот.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во текот на вчерашниот ден ги повика сојузниците за поддршка откако Русија лансираше огромен арсенал со беспилотни летала и ракети, а имаше и настрадани. 

Нападите предизвикаа штета низ северниот, јужниот и источниот дел од земјата. Русија го започна својот најголем воздушен напад во војната врз Украина преку ноќ, запалувајќи ја главната владина зграда во центарот на Киев и убивајќи најмалку четири лица, вклучувајќи и едно бебе, соопштија украинските власти во неделата.

Зеленски повика на „широк одговор“ од европските сојузници на Украина, додавајќи дека „Путин не сака преговори, тој очигледно се крие од нив“. Европските сојузници го осудија нападот и ветија дека ќе застанат политички и воено покрај

Украина, но конкретни понуди за помош, вклучително и можноста за испраќање војници на терен, сè уште се дискутираат.

Зградата Ал-Роја во градот Газа беше погодена од израелски воздушен напад. Оваа зграда, беше меѓу оние што беа цел на израелските напади како дел од голема воена операција насочена кон напредување во најголемата урбана област во Појасот Газа. Израел соопшти дека цивилите биле однапред предупредени. При нападите за време на викендот 62 лица се убиени. Зградата била користена за засолнување на раселени семејства во Газа, според Палестинците.

Израелската војската го нападна градот Газа во текот на викендот, уништувајќи две високи згради што ги засолнувале раселените Палестинци. Израел соопшти дека зградите ги користи Хамас.