Македонија
9. September 2025 - 16:37

Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Во Париз лидерот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека Македонија мора активно и со резултати да продолжи по европскиот пат.

Најави дека резолуцијата што ја подготвуваат е во финална фаза, и како што вели, ќе биде гаранција за заштита на националните интреси, и win-win репение за државата и граѓаните.

Филипче објасни дека документот ќе понуди национален механизам за справување со еветуални непринципиелни барања од Бугарија, надвор од преговарачката рамка.

За време на посетата тој имаше средб со претставници од француската влада и францускиот парламент.