Македонија
9. September 2025 - 16:37

Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и по повеќе од една година на функцијата не бил спремен да одговара на поставени новинарски прашања на македонски јазик. По примерот на неколку негови сопартијци кои одбија да говорат на македонски, сега и тој на прес конференција на македонските новинари кои му поставија прашања им одговори на албански, оти не го владеел македонскиот кој е службен јазик во Македонија.

Ниту во овој случај преведедувач не беше обезбеден.

Но не само што не го владеел македонскиот јазик, Фетаи не знае ниту каков безбедносен сертификат поседува. По консултација со колегите вели дека и покрај двојното државјанство безбедносниот сертификат е со степен „државна тајна“.

Само неколку месеци претходно и сопартиецот на Фетаи , пратеникот Ќоку и шефот на изборниот штаб Азизи новинарските прашања од македонските новинари ги одговаа само на албански или не препраќаа да чекаме писмено соопштение.

По стапките на Ќоку и директорот на инспекторатот за употреба на јазиците, поставените прашања на македонски јазик ги одговараше на албански. По ваквото однесување, директорот Арсим Идризи доби жолт картон од премиерот Мицкоски кој изрично кажа дека следната грешка и идентично однесување ќе значи разрешување.

Идризи пак за Сител тогаш тврдеше дека не го направил намерно туку да не ја згреши терминологијата. Обвини дека случајот се политизирал, но дали ќе го почитува предупредувањето од премиерот и нема да го повтори истото однесување одговори дека времето ќе покажело.