Македонија
9. September 2025 - 16:37

До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички

До почеток на кампањата на 29 септември сите службени возила ќе мора да бидат со црвени регистарски таблички. Околу 7 ипол илјади возила се регистрирани во СОЗР. Казни нема да има за оние кои нема да ги сменат таблиците, доколку тоа не го направат до крајниот рок  ќе може да ги сменат при следната регистрација. Директорот на службата е уверен дека сите ќе го испочитуваат правилото.

Исклучок од овој правилнил се дел од возилата на МВР и АНБ. Граѓаните ќе може да пријавуваат злоупотреби доколку забележат дека некој функционер или службеник го користи возилото за приватни или партиски цели. Ќе биде отворена телфонска линија за пријавување.

Дали и со какви санкции ќе се соочат високите функционери кои ќе бидат забележани како злоупотребуваат службено возило е нејасно бидејќи вицепремиерот за добро владеење ја префрли топката на министерот за правда. Фетаи вели дека колегата од правда е  одговороен за спроведување на етичкиот кодекс.

Инаку летово  вицепремиерот Арбен Фетаи беше забележан како заедно со министерот за животна средина Изет Меџити со службени возила околу полноќ беа паркирани пред партиски штаб, а за истото велеа дека биле на состанок за владини политики.