Најмалку 375 загинати и 56 исчезнати во тајфунот на Филипините
– Најмалку 375 лица загинаа по налетот на тајфунот на Филипините, најсилниот годинава во оваа азиска земја, соопштија локалните власти.
Најмалку 56 лица сè уште се водат како исчезнати, а 500 се повредени. Населението во неколку провинции во централниот дел на земјата се соочува со сериозни проблеми, бидејќи нема струја, а телефонските линии се во прекин.
Полицијата соопшти дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи комуникацијата е невозможна во неколку градови и села, иако во тек е голема операција за чистење.
Тајфунот Раи во петокот ги погоди Филипините, при што ветерот достигна брзина од 195 километри на час, а во саботата се оддалечи кон Јужното Кинеско Море.
Многу луѓе загинаа при паѓање на дрвја, уривање на ѕидови и лизгање на земјиште.
Илјадници бавреме беа евакуирани од селата во ризичните области, со што се спречи бројот на загинати да биде значително поголем.
Тајфунот погоди околу 700.000 луѓе, од кои 400.000 се префрлени во засолништа.
Ново на Сител
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група
-
На Клинички побрзо се заршува кај лекар отколку да се најде слободен паркинг
-
За 2 до 3 недели државата ќе се задолжи 6 милијарди евра
-
За една деценија државата „загубила“ 28 000 ученици
-
Избори во Германија