Преглед на вестите од светот
Украина лансираше повеќе од 20 дрона насочени кон руската престолнина.Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку 19 украински дронови биле уништени пред да стигнат до градот од различни насоки. Тој додаде дека остатоците од еден дрон паднале на еден од главните автопатишта кои водат кон градот, но немало повредени. Украинската акција на неколку часа ги затвори сите аеродроми во руската престолнина. Нападите врз Москва се случуваат на три дена пред воената парадата на Цревениот Плоштад за денот на победата над фашизмот во втората светска војна. Русија ќе одговори жестоко доколку киев нападне и на 9 мај изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Најмалку 48 лица загинаа, а 142 се ранети во израелските воздушни напади врз Појасот Газа во изминатите 24 часа, соопшти министерството за здравство на Газа. Палестинското движење Хамас ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз изарелскиот премиер Бенјамин Нетањаху да стави крај на злосторствата на глад, жед и убиства во појасот газа“. Израел повеке од два месеца не дозволува влез на хуманитрана помош во енклавата и ги интензивираше воени операции против Хамас, со цел да ја принуди групата да ги ослободи преостанатите заложници. Соединетите држави ке им помогнат на палестинците во газа да добијат храна вети претседетлот Трамп.
- Ќе им помогнеме на луѓето од газа да добијат храна. Луѓето гладуваат и ние ќе им помогнеме да добијат храна. Но, ние ќе им помогнеме на луѓето во газа бидејќи хамас ги третира многу лошо.
Студентите во блокада во белград бараат предвремени парламентарни избори
Српските студенти во блокада бараат распишување вонредни парламентарни избори. Во соопштение објавено на социјалните мрежи, студентите велат - изборите се единствениот начин за излез од длабоката политичка криза во Србија, поттикната од трагедијата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога во уривањето на настрешницата починаа 16 луѓе. Во соопштението се потсетува дека студентите повеќе од пет месеци настојуваат да ги остварат своите барања на легитимен и мирен начин, но дека властите не покажуваат никаква иницијатива за исполнување на тие барања. Владејачката српска напредна партија ја отфрли идејата за вонредни избори.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар