Најмалку 16 загинати при судир на камион и рикша во Индија
Најмалку 16 лица, од кои седум деца, загинаа денеска при судир на камион и претоварена моторизирана рикша во јужната индиска сојузна држава Телангана.
Како што соопшти индиската полиција, сите жртви биле качени во рикшата, со која се упатиле кон еден хиндуистички храм во областа Адилабад.
Во инцидентот се повередени уште три лица од рикшата, кои се пренесени во болница.
Како што јави ДПА, при инцидрнтот, камионот се превртел, по што возачот побегнал од место на настанот.
Индиските медиуми посочуваат дека меѓу загинатите има и осум членови на едно семејство.
Во сообраќајни незгоди во Индија годишно животите ги губат по околу 240.000 луѓе. Главна причина за несреќите во Индија се лошата сообраќајна инфраструктура, но и невнимателното управување на возилата.
Ново на Сител
-
Муцунски: Проширувањето да не се билатерализира
-
Инфраструктурни идеи за зелен транспорт
-
Најавени нови инвестиции во ТИРЗ Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Претседателката на ДКСК во Обвинителството