Најавените врнежи добредојдени за земјоделството
Локалните поројни врнежи што ги најавува УХМР од вторник, ќе бидат добродојдени за земјоделството, велат агрометеоролозите. Сепак, предупредуваат дека поради повисока релативна влажност во зоната на растенијата може да се создадат поволни услови за појава на болести и штетници. Затоа, потенцираат, е неопходна редовна контрола и заштита на посевите.
Според агрометеоролозите, временските услови во изминатиот период придонесоа за интензивен развој на есенските култури и на рано посеаните пролетни култури.
Садењето и сеидбата на пролетните култури се во тек, температурата за садење и сеидба е оптимална, а со поволна влажност е и почвениот слој што им овозможува на посевите да растат рамномерно.
- Појавата на нови врнежи од дожд е од големо значење за земјоделските култури, посебно за зголемување на влагата во почвата која би била во уште подобра состојба и со подобрен водно-физички режим за попродуктивен и поинтензивен раст и развој. Новите врнежи ќе бидат добродојдени за сите земјоделските култури, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.
Тие препорачуваат, доколку почвените услови дозволуваат, земјоделските производители да почнат или да продолжат со изведување работи во поле.
- Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и за заштита од нив. Земјоделците да внимаваат, во случај на појава на електрични празнења да не се престојуваат на отворен простор.
Според УХМР, утре попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ново на Сител
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна