Надзорник во „Идризово“ одгледувал марихуана и чувал експлозив во својот дом
СВР Скопје поднесе кривична пријава против вработен во КПУ „Идризово“ бидејќи во својот дом во Скопје одгледувал канабис и неовластено поседувал оружје и експлозивни направи.
Четириестгодишниот Г.С. е предаден на Основното јавно обвинителство - Скопје со кривични пријави за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Судија на претходна постапка на Г.С. му изрекол мерка- домашен притвор во траење од 30 денови.
МВР соопшти дека пријавениот, вработен како надзорник во КПУ „Идризово“, во втората половина од 2016 година неовластено набавил семенски материјал од Канабис, кој го насадил и одгледувал во својот дом во населба Долно Лисиче.
Со оглед на тоа дека Г.С., досега не е кривично пријавуван и е новопројавено лице од областа на недозволената трговија со дрога, Единицата за недозволена трговија презеде опсежни мерки и активности за потврдување на добиеното сознание и обезбедување на материјални докази
По потврдување на сознанието и со наредба од Судија на претходна постапка извршен е претрес во куќата во која живее пријавениот при што се пронајдени 21,62 грамови марихуана, три експлозивни направи (една бомба кашикара и две парчиња динамит), еден метален детектор, две парчиња огнено оружје-пиштол и една кутија за чување на огнено оружје со прибор за одржување.
Од извршеното вештачење на експлозивните направи е утврдено дека станува збор за две парчиња динамит (тринитротолуен и амониум нитрат) додека за пронајдените пиштоли е поведена управна постапка за одземање, бидејќи едниот е службен пиштол во сопственост на КПУ „Идризово“, а другиот пиштол е лична сопственост на Г.С. и истиот го поседува со дозвола, информира МВР.
Ново на Сител
-
Коалицијата на СДСМ вечерва во Штип и Пробиштип
-
Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ вечерва во Струга и Ресен
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Почна судењето за поранешната претседателка на Антикорупциска
-
Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражуваат и други лица и институции
-
Ветувања на коалиција ВМРО-ДПМНЕ: Нови автобуси, БРТ за Скопје, гаражи во Карпош
-
Филипче: Власта е прочитана како буквар, ниту една реформа не е спроведена
-
Справување со корупцијата, решенија за јавен превоз и хигиена - Изборни ветувања на албанските партии