Над 7.500 ученици во Општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи
Над 7.500 ученици од сите основни училишта и оваа година добиваат бесплатни училишни униформи составени од две блузи, две маички и дуксер, соопшти Општина Аеродром.
-В. д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска присуствуваше на доделувањето на униформите во ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром, каде што дечињата со радост ја добија својата нова училишна облека. Целта на овој проект е да обезбеди подобри и посовремени услови за одвивање на наставата, истовремено водејќи сметка во голема мера да се растовари и буџетот на семејствата кои имаат основци, се наведува во соопштението.
Општина Аеродром за набавка на овие униформи издвои речиси 19 милиони денари.
-Сакаме сите ученици да имаат еднаков пристап до образованието, а ние како Општина ќе продолжиме да вложуваме во училиштата и во подобрување на условите за наставата, велат од Општина Аеродром.
Ново на Сител
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам