Свет
17. November 2017 - 13:43

Над 224 илјади бебиња на сириски бегалци се родени во Турција во изминатите шест години

 

Над 224 илјади бебиња  на сириски бегалци се родени во Турција во изминатите шест години, односно од почетокот на граѓанската војна во Сирија. Тоа го изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Според него, во Турција моментно има вкупно 976 илјади сириски деца кои посетуваат училиште. Од нив, 620 илјади почнале образование во Турција. Според турското МНР во Турција има 3.303 илјади сириски бегалци.

Околу 17 илјади Сиријци се на универзитети во Турција, објави Хуриет Дејли Њуз