Преглед на вестите од светот
Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО се собраа на состанок во Брисел за да разговараат за барањето на Доналд Трамп членките на НАТО да ги зголемат трошоцоте за одбраната од сегашните 2 отсто на 5 отсто од својот бруто домашен производ. Американскиот секретар за одбрана изјави дека е уверен дека членките на НАТО ќе го потпишат барањето на Трамп , потенцирајки дека мора да се случи до лидерскиот самит на НАТО закажан за 24 и 25 јуни.
- Оваа алијанса, веруваме за неколку недели, ќе се обврзе на 5%, 3,5% во тешки воени и 1,5% во активности поврзани со инфраструктурата и одбраната. Таа комбинација претставува вистинска посветеност и мислиме дека секоја земја може да се засили, изјави Пет Хегсет, државен секретар на САД.
Воената подршката на НАТО за Украина е исто така тема на министерскиот состанок.
Најмалку пет лица загинаа во рускиот воздушен напад во украинскиот град Прилуки извршен рано утрово соопшти укрианските власти. Зеленски повторно ја повика Меѓународната заедница да изврши притисок врз Москва со сите расположливи средства за да се постигне прекин на огнот. Според Кремљ, Киев не е заинтресен за мир а тоа го докажал со неодамнешнте напади врз воени објекти и железничка инфраструктура. Русија е должна да возврати на тие напади, како и кога ќе одлучи нејзината војска истакна портпаролто на Кремљ, Песков.
Доналд Трамп потпиша наредба со која се забранува влез во САД за државјани на 12 земји. Забраната за влез стапува на сила на 9 јуни и важи за државјаните на Авганистан, Мјанмар, Иран, Јемен, Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија. Сомалија, Судан и Хаити. Одлуката има за цел да заштити Американците од опасни странски туристи рече американскот претседател..
-Во дваесет и првиот век, видовме терористички напади еден по друг, извршени од странски лица кои ги пречекориле престојот на визата од опасни места низ целиот свет. И благодарение на политиката на отворени врати на Бајден, денес има милиони и милиони од овие нелегални имигранти кои не треба да бидат во нашата земја. Ние не ги сакаме . Нема да дозволиме во нашата земја да влезат луѓе кои сакаат да ни нанесат штета, и ништо нема да не спречи да ја чуваме Америка безбедна, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Од забраната се изземени одредени категории, вклучувајќи спортисти кои патуваат за мегунаордни спортски настани, некои авганистански државјани и лица со двојно државјанствто, од кои едното е на земја која не е опфатена со забрната.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар