Началникот на турската армија имал „конструктивни разговори" со Русија за Сирија
Началникот на турските вооружени сили генерал Хулуси Акар имал „конструктивни" разговори со неговите руски колеги за ситуацијата во сирискиот град Алепо и борбата против „Исламска држава", соопшти денеска турската армија во соопштението денес.
Русија и НАТО членката Турција поддржуваат противнички страни во сирискиот конфликт.
Во последните месеци тие ги нормализираат врските, откако пред една година ги затегнаа поради соборувањето на руски бомбардер од страна на турските воздухопловни сили крај сириската граница.
Акар ја посети вчера Русија заедно со началникот на разузнавачката служба, за да разговараат за воената соработка и регионалните случувања.
Во соопштението на армијата се наведува дека предмет на дискусија биле наоѓање на решение за престанок на судирите во Сирија, нормализирање на ситуацијата во Алепо, како и продолжувањето на процесот на развивање соработка меѓу двете земји со цел да се стави крај на заканата од „Исламска држава".
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот