-->
-->
На Радиологија при снимање на МР на пациент на кислородна поддршка се случил технички проблем, тој е во добра здравствена состојба
-->
Министерството за здравство соопшти дека согласно информации од Институтот за радиологија, во текот на вчерашниот ден се случил технички проблем при снимање на магнетна резонанца на пациент кој бил приклучен на кислородна поддршка по што веднаш се преземени сите безбедносни мерки, а пациентот е во добра здравствена состојба.
Во меѓувреме се работи на отстранување на дефектот на апаратот, а сите пациенти непречено ја добиваат потребната здравствена услуга на другите два апарата за магнетна резонанца. Во интерес на пациентите е воведена и втора смена за снимање на МР се до надминување на техничкиот проблем, наведуваат од Министерството.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уште три дена кампања, лидерите ја заоструваат реториката
-
Ѓорѓиевски најави повеќе мерки за подобрување на образовниот процес
-
Шукова најавува инфраструктурни проекти во Општина Бутел
-
Булингот се повеќе присутен помеѓу учениците
-
Жените земјоделки: Нашето земјоделство е пациент кој што го лечеа многу лекари, но никој не ја погоди точната дијагноза
-
Занаетчиството во криза
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, Ранковце и Крива Паланка