На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците
До Државната изборна комисија преку веб апликацијата www.dijaspora.
Од нив, 2392 пријави се прифатени, 39 се одбиени, а останатите пријави се во обработка.
Најголем број пријави се за гласање во Берн - 256, Љубљана - 213, во Лондон - 127, во Торонто - 136, Виена - 108, Канбера 99 итн.
Најмалку пријави за гласање се поднесени во Талин, Киев и Приштина - по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Сараево - по две пријави.
Пријавувањето трае до вече на полноќ. Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.
Од ДИК информираат и дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 4.959 граѓани извршиле увид во податоците во Избирачкиот список. Најголем број граѓани увид извршиле во Струмица - 509, Битола - 454, Карпош - 431.
Во периодот од почнувањето на јавниот увид донесени се и 19 решенија за запишување, 125 решенија за бришење и 24 решенија за промени на податоци во избирачкиот список.
Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со денеска, 23 август, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци
Ново на Сител
-
Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
-
Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури