Македонија
9. October 2025 - 16:57
Од булевари и подземни улици до социјални мерки - Ветувања на кандидатите за градоначалници на Скопје
Ќе се пробие подземната сообраќајница под Лимак, а улицата Даме Груев ќе стане булевар, проекти со кои ќе се направи пресврт во централното градско подрачје ветува Орце Ѓорѓиевски во трката за прв човек на Скопје. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има предлози и за повеќе паркинг места на овој потег.
Шукова од СДСМ пак, со идеја за младински центри за полесен пристап на младите до компаниите и до обуки, но и ваучери за млади и з асоцијални категории скопјани.
И Мециновиќ од Левица со ветувања за почисто Скопје. Уверен е дека тој влегува во вториот круг за градоначaлник на метрополата.
Справување со урбаниот хаос и проект за делот кај главната пошта.
Уште 10 други кандидати ќе се најдат на гласачкото ливче што ќе го добијат скопјани на 19 октомври.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->