На Лезбос приведени 40 лица за вчерашните инциденти
Во текот на ноќта, група од околу 300 мигранти, на враќање од протестот, поминале низ селото Мориа за да стигнат до прифатниот центар, што било причина да реагира локалното населени.
Жителите на островот, бараат засилено полициско обезбедување, барање кое според весникот „То вима“, наишло на позитивен одговор кај министерот за цивилна заштита на Грција и на Лезбос ќе бидат испратени две специјални полициски единици, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за миграција и азил, Нотис Митаракис, вчера изјави дека „непријатните настани ја потврдуваат потребата за забрзување на процедурите за азил, враќање на оние кои немаат право на азил и работа на затворени и контролирани центри“ и додаде дека „грчките власти ги зајакнуваат мерките за заштита и ја испитуваат можноста за поттикнување на такви реакции“.
Околу 2.000 баратели на азил кои се заглавени на Лезбос, вчера одржаа протест и се судрија со полицијата, која одговори со солзавец и шок бомби, а мигрантите предизвикаа пожар на ниви.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко