МВР со превентивни кампањи за можни последици од употреба на петарди и други пиротехнички средства за празниците
Министерството за внатрешни работи (МВР) продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелни пред и за време на новогодишните и божиќните празници.
-Во соработка со Црвениот крст, спроведуваме низа активности, се делат летоци со едукативна содржина, организираме показни вежби каде граѓаните можат да видат какви сѐ последици може да има употребата на овие средства. МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби каде е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба, потенцираат утрово од МВР.
Така, потсетуваат, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено употребува пиротехнички средства.
-Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што: (1) тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години, (2) ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор, истакнуваат оттаму.
Ново на Сител
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-
Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%
-
Синдикатите поделени околу спуштањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5%
-
Безбедносната зона околу Собрание нема да значи забрана за протести
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
Марта Кос се понуди да ги олеснува разговорите меѓу Скопје и Софија
-
Инспекторите за јазици бараат плата, но не и да говорат на македонски – можно решение по гласање на законот