МВР без толеранција кон говорот на омраза и насилството

Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение ја информира јавноста дека ќе се преземат низа мерки и активности, како и зајакнати контроли со цел одржување на јавниот ред и мир во пресрет на меѓународните фудбалски натпревари во Скопје закажани за денес и утре.
Во рамките на квалификациите во Лигата на шампиони вечер со почеток во 20:15 часот на „Телеком Арена“ Шкендија го дочекува ТНС од Велс, додека утре на стадионот „Петар Милошевски“ Работнички е домаќин на Хонвед (Унгарија).
- Апелираме до граѓаните кои ќе ги проследат натпреварите да се воздржуваат од дејствија кои го нарушуваат јавниот ред и мир, а со цел да поттикнат насилство и други кривични дела. Министерството за внатрешни работи нема да покаже никаква толеранција кон насилство, нарушување на јавниот ред и мир и други кривични дела во рамки на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, соопштија од МВР.
Министерството упати апел до сите граѓани, особено до навивачките групи, на фер и спортско навивање.
Ново на Сител
-

ДИК: Избрани 44 градоначалници во прв круг, гласање во втор круг во 33 општини
-

3 дена до изборен молк, кандидатите ја бараат поддршката со конкретни проекти
-

Буџетот во 2026 година ќе тежи 6,7 милијарди евра
-

Меѓународен форум за енергетика
-

Академијата за обука на административните службеници ќе стартува во 2027
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведените од Комуналец и утрово во полициска станица
-

Меѓународен форум за енергија во Скопје
