3 дена до изборен молк, кандидатите ја бараат поддршката со конкретни проекти
СДСМ докажа како се работи во Лозово кога сегашниот кандидат менаџирал со општината вели претседателот на партијата. Филипче потсети дека токму во тие 4 години од 2017до 2021 биле изградени нова општинска зграда, градинка, парк. За разлика од тогаш, сегашната власт ја уназадила општината.
Проширување на капацитетите на основното училиште Песталоци најави кандидатот за втор мандат во Центар. Герасимовски во програмата предвидува и реконструкција на отворените игралишта и санација на спортската сала.
Капитални проекти во секое населено место во о. Крушево најави кандидатот за градоначалник за втор мандат, кој ветува продолжување на рамномерниот развој на градот и околните населени места.
Актуелната власт целосно го занемарила развојот на Маџир маало и затоа се потребни промени во Центар порача потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Николоски. Населението во овој дел од градот живее во супстандардни услови како резултат на урбанистичкиот хаос. Побара поддршка од центарци за промена на власта во општината.
Модерен и квалитетен развој на општината во интерес на граѓаните најавува кандидатот за градоначалник на Центар од ЗНАМ. Во програмата предвидува нова градинка во Маџир Маало.
Во Македонски брод целосно се реконструира улицата Гоце Делчев, кандидатот најави продолжување на инфраструктурните проекти во општината.
Партиите продолжуваат со митинзи, остануваат уште три дена за кампања по што ќе следува изборен молк. Втор круг избори ќе се оддржат за избор на градоначалник во 32 општини и Град Скопје.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
