Музички хепенинг на иницијативата „За заедничка Македонија“

Со музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денеска испрати порака за унитарна Македонија.
Според Богдан Илиевски, „За заедничка Македонија“ е против двојазичност и бара отфрлање на, како што рече, тиранската платформа, без изговори или какви било обиди за нејзино спроведување „на мала врата“.
- Нејзината суштина е проблем, а не името како се вика. Без оглед дали вие ќе ја крстите тиранска или кичевска платформа, нејзината суштина е најспорна и најпроблематична. Бараме повлекување и отстапување од неа. Сите мимикрии и финти да се манипулира народот, нема да пројдат, истакна Илиевски.
Актерот и поддржувач на иницијативата Крсте Јовановски напомена дека луѓето се помасовно излегуваат поради, како што оцени, она што се случува. - И лошите временски услови не ги колебаат граѓаните да излезат и да го искажат своето незадоволство од состојбата. Притоа го искажуваат со песни, говори на бината, кои се проткаени со љубов, искреност, вистина, чистина и со желба Македонија да остане онаква како што е, изјави Јовановски.
На хепенингот настапија Даниел Кајмаковски и групата „Паркети“.
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ за време викендите, во сабота и недела, одржува вакви настани наместо протестен марш како во текот на неделата. Поддршка има во повеќе од 20 градови низ државата и ова е 13-ти ден како ја испраќа пораката за унитарност на државата.
Ново на Сител
-

Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештајот за напредокот на Македонија презентиран во Парламентот
-

Со торта во Брисел, Албанија го прослави отворањето на последниот кластер од преговорите со ЕУ
-

Во 34 години македонскиот Устав е сменет 8 пати, претседателот на Уставен повикува на негово почитување
-

Авто-школите ги поскапеа обуките за 35%
-

Гаши ги распиша повторените избори за 4 општини за 11 јануари
-

Забраната за фрлање смет по 22 часот стапува на сила
