МОН: Се продлабочува соработката во образованието меѓу земјите од регионот

Проширувањето на меѓусебната соработка во областа на образованието беше во фокусот на неформалните средби кои министерот за образование и наука Арбер Адеми ги оствари со министрите за образование на Албанија, Косово и Црна Гора, Линдита Никола, Шукри Битиќи и Дамир Шеховиќ.
Од Министерството за образование и наука информираа дека за време на средбите сите страни изразиле интерес и подготвеност за размена на искуства и поголема соработка преку иницирање на заеднички проекти и активности на сите нивоа и во сите образовни сегменти, особено во високото образование и науката, каде заеднички став е дека постои можност да се зголеми мобилноста на наставниот кадар, размената на студенти и да се реализираат повеќе билатерални научно – истражувачки проекти.
Инаку, средбите се во рамки на седмиот министерски состанок кој вчера и денеска се одржува во Брисел, а го организира Европската комисија во рамки на Платформата за образование и обука на земјите од Западен Балкан.
Платформата за образование и обука на земјите од Западен Балкан пак, е создадена во 2012 година и има за цел да иницира поголема соработка меѓу институциите на системот во сите земји од регионот, со цел да се разменуваат позитивни примери и искуства, да бидат детектирани образовните предизвици и да се обезбеди заеднички пристап за нивно надминување, стои во соопштението од МОН.
Ново на Сител
-

Предлог-буџетот утре на амандмантска расправа
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештајот за напредокот на Македонија презентиран во Парламентот
-

Со торта во Брисел, Албанија го прослави отворањето на последниот кластер од преговорите со ЕУ
-

Во 34 години македонскиот Устав е сменет 8 пати, претседателот на Уставен повикува на негово почитување
-

Авто-школите ги поскапеа обуките за 35%
