МОН: Ќе се преиспита содржината на учебникот по Историја за шесто одделение
Комисија формирана со одлука на министерот за образование и наука ќе ја преиспитува содржината на учебникот по Историја за шесто одделение. МОН соопшти дека примило повеќе претставки дека одредени податоци и информации кои се објавени во учебникот не соодветствуваат со научната реалност.
Во законски утврден рок од 10 дена, Комисијата има обврска до министерот да достави предлог за повлекување на учебникот, доколку членовите констатираат дека претставките се основани.
-Во зависност од обемноста на материјата која треба да се преработи, ќе биде донесена одлука за корекција на постојниот или за израбока на целосно нов учебник по соодветниот предмет, соопшти МОН, но не прецизира на што конкретно се однесуваат претставките за учебникот.
МОН наведува дека заедно со други надлежни институции ќе продолжи да работи на подобрување на содржината на учебниците кои се користат во основното и средното образование и дека во тој процес ја вклулува и јавноста со тоа што граѓаните може да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса: book@mon.gov.mk.
Ново на Сител
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели