Македонија
17. April 2025 - 12:38

ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели

Вкупно 7,5 милиони евра потрошиле седумтемина претседателски кандидати во последната кампања за претседателските избори, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија. Според него, за политичко рекламирање кандидатите ни потрошиле нешто над 5,7 милиони евра. Овие пари од буџетот директно им се префрлени на медиумите, додека нешто под 1,8 милиони евра учесниците во кампањата ги обезбедиле од донации и други свои извори. 

Над 70% од партите за реклами ги потрошиле Сиљановска и Пендаровски. За  екс претседателот и актуелната претседателка Државната изборна комисија за реклами на медиумите им префрлила нешто под 4 милиони евра. И двајцата трошеле речи си идентично, по нешто помалку од 2 милиони евра. Османи потрошил околу 800.000 евра а Таравари нешто над 700.000.

Најмалку пари потрошил лидерот на ЗНАМ кој за цела кампања се рекламирал за нешто над 100.000 евра.

Најголем дел од рекламите или три четвртини, претседателските кандидати ги пласирале во телевизиите кои заедно од кампањата инкасирале 4,2 милиони евра. 19% од рекламите оделе на интернет порталите, 7% на радијата а само 1% во дневните весници. 

Согласно законот, учесниците во кампањата можат да потрошат најмногу по 110 денари од запишан гласач во избирачкиот список, и како што утврдил ревизорот, сите кандидати се држеле во законските рамки. 

За потранспарентно финансирање на изборната кампања, Државната ревизија предлага серија измени во Изборниот законик во насока на подобро следење на трошењето за рекламирање, движењето на средствата собрани од донации и следењето на дистрибуцијата на реклманите кампањи на интернет порталите.