Македонија
17. April 2025 - 16:44

ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството

Секој што соработува со нереформираната ДУИ е неприфатлив за владиното партнерството, сметаат од ЗНАМ. И покрај превирањата во Вреди, од партијата тврдат дека владата е стабилна. Јасно не одговорија  дали по ваквите ставови ќе побараат разрешување на министерот Таравари, таква одлука ќе носел само премиерот. 

Криза во владата нема, тврдат и од Вреди кои го обвинија Таравари дека има договор со Ахмети и дека сам се исклучил од Вреди. Касами како еден од тројцата лидери тврди дека владиното мнозинство ќе се зголемува со пратеници од опозицијата.

Крилото на Таравари пак се уште остава простор за договор со коалицијата за кандидати за градоначалници во неколку општини. Отворената врата за Села и можноста повторно да ги здружат силите, најверојатно ќе биде одбиена. Преку статус Села му врати дека..

- Според албанската традиција и обичајното право, домот не е само место каде што живеете, туку е име и идентитет! Дали вратата или куќата е голема или мала го прави сопственикот на куќата. Честа, довербата, даден и чуван збор и мажественост се атрибутите кои овој сопственик мора да ги има, напиша Села.

Владејачката ВМРО ДПМНЕ смета дека превирањата во ВРЕДИ се внатрепартиско прашање.