Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан
На 17.04.2025 во 19.30 часот на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале пет лица при обид илегално да ја преминат државната граница. Притоа, од слобода биле лишени Л.Ј.(35) и 17 - годишник од Кина и У.К.(23) од Авганистан, додека две лица го напуштиле местото.
Набргу, по преземени мерки и активности, а поради сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 - Б од Кривичниот законик, исто така, во близина на граничната линија биле лишени од слобода Д.Т.(32) и 49 - годишната В.Т., двајцата од Гевгелија.
Во нивна близина биле пронајдени мобилни телефони кои биле подигнати за понатамошна постапка, а тие биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Велигденско послание на Митрополитот Повардарски Агатангел
-
Тошковски: Првичните информации се дека неприлагодената брзина е причина за сообраќајката во Кичево
-
Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција
-
Во завршна фаза рехабилитацијата на патот од Охрид до Св. Наум
-
На граничниот премин кон Србија се чека од 20 до 30 минути, а кон Грција до 15 минути
-
Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени
-
Алкараз трет полуфиналист во Барселона
-
Денеска нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина