Мистериозна дрога уби момче и девојка, уште 57 луѓе примени во болница!
Во Tампа на Флорида во текот на Сансет музичкиот фестивал, на кој во текот на два дена присуствувале повеќе од 30.000 луѓе, непозната дрога убила двајца, а поради неа 57 млади луѓе се примени во болница.
Кејти Бермудез (21) од Кисимиј и Алекс Хајнс (22) од Мелбурн се единствените чија смрт е потврдена, а кои предходно од фестивалот во Флорида биле пренесени во болница.
- Социјалните работници ми кажаа дека мојата ќерка е на апарати, и дека морам да одам во болницата, кажала за ФОКС мајката на починатата Кејти. - Не знаеме што се случило. Ги чекаме реултатите од аутопсијата, од болницата не знаат ништо што да ни кажат.
Симтомите на Бермудез биле висока грозница и оток во мозокот, но докторите ништо не можеле да направат за да ја спасат.
Организаторите на фестивалот одбиле да зборуваат пред медиумите за овој случај, за да не пречат во текот на истрагата, кажувајќи дека секој изгубен млад живот е вистинска трагедија и дека изразуваат големо сочувство на семејствата. Полицијата не дава никакви соопштенија по повод трагичната смрт на двата млади животи.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал