Мирен протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Велес

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ по четиринаесетти пат и вечерва во Велес организира протест пред Споменикот на Панко Брашнаров во новиот дел на градот, кој продолжи со мирен марш низ главната велешка улица се до центарот на градот, кај двата споменика.
Бројните учесниците-граѓани на Велес со развиорени македонски знамиња и вечерва мирно и достоинствено ја искажааа својата решеност да истраат во своите напори за зачувување на унитарноста на Република Македонија во одбрана на Уставот,името на државата, грбот и знамето.
Пред споменикот на Коста Солев Рацин, Славчо Радевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на присутните им се обрати со почитувани црвено - жолти Македонци.
- Тоа ќе биде одговорот и казната на предавниците, кошмар ќе им биде црвено жолтата линија. Дали има друго место за еден Македонец освен Македонија, дали има народ понесереќен од Македонскиот. Шеснаесет дена по ред над 150 илјади граѓани во цела Македонија сите заедно протестираме против оние кои сакаат да ни го сменат името Уставот, знамето и грбот. Македонија не е покраина како што рекоа некои, а кои не заслужуваат ни името да им го споменам. Ова е Македонија и ова нека ви биде одговорот на сите предавници и кодоши, потенцира Радевски.
Од името на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се обрати и Гоце Станчев.
- Кој им даде право на нашите политичари да тргуваат со нашата татковина - Република Македонија да ги потсетам граѓаните им дадоа право да управуваат со државата, а не со државните интереси. Тие можат да тргуваат само со своите фирми и бизниси, им порача Станчев.
Ново на Сител
-

Тотално безредие, хаос во финансиското работење, сомнежи за криминални дејства во прилепската болница
-

12.000 пензионери не добиваат повисоки пензии оти живеат во странство – утврдена дискриминација
-

Почеток на национална кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“
-

Фондацијата “Ице Бегов” донираше 5 апарати на Клиниката за детски болести во вредност од над 43.000 евра
-

Пожар го уништи историскиот облакодер „Вјесник“ во Загреб
-

Опозицијата бара анкетна комисија за Кочани
-

Стопанска комора: По примерот на дуалното образование да се реформира и високото
-

Почеток на национална кампања „1 до 5 - стоп за сексуалното насилство врз деца“
