Македонија
18. November 2025 - 12:26

Почеток на национална кампања „1 до 5 - стоп за сексуалното насилство врз деца“

Секое петто дете во Македонија е жртва на сексуално насилство. Статистиката на МВР покажува дека за четири години, од 2020 до 2024 година, биле пријавени 508 случаи на сексуално насилство и вознемирување врз деца.

Надлежните предупредуваат дека е неопходна институционална соработка за разврска на сите случаи, но пред се подигнување на свеста за превенирање насилство кај децата.