Фудбал
5. May 2017 - 11:52

Мијатовиќ: Јуве се „лузери“

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, рекол дека Јувентус е сериозен тим, но дека во минатото немал доволно среќа во финалните натпревари во Лигата на шампионите.
 
„Јувентус е сериозен тим, одлично се брани и има голем квалитет во нападот. Играат во одлична форма, исто како и Реал, но Јувентус е ‘лузерски’ тим кога се работи за финалните натпревар во Лигата на шампионите, додека Реал стално победува“, изјавил Мијатовиќ за радиото Кадена копе.
 
Мијатовиќ беше стрелец на единствениот гол во финалето помеѓу Реал и Јувентус одиграно 1998 година и на „Кралскиот клуб“ му ја донесе првата титула по пауза од 32 години.