Македонија
22. May 2024 - 16:41

Мемети утре во суд, врховниот судија Георгиев се жали на притворот

Иџет Мемети утре ќе оди во Кривичниот суд да дознае зошто обвинителството бара тој да не ја напушта државата. Поранешниот народен правобранител и актуелен член на Советот на обвинители е осомничен дека заедно со врховен судија зеле пари да овозможат погодности за екс градоначалникот на Ново село обвинет за шверц со цигари и дрога. Заради непречено водење на истрагата, обвинителството бара мерки на претпазливост за Мемети. Предлага одземање на патната исправа и повремено јавување кај надлежен дрќавен орган.

Во краток телефонски разговор за Сител, Мемети не ја коментира истрагата во која обвинителството го сомничи за примање награда за противзаконито влијание. Разврска очекувал во институциите.

„Сметам и убеден сум дека не е во ред и коректно да изнесувам ставови за нешто кое треба да се спроведе по правосудни институции. Најмногу ќе придонесеме ако чекаме органите да си ја завршат работата“, изјави Мемети за Сител.

Во меѓувреме, Врховниот судија Георгиев кој од вчера е во затворот во Шутка, бара укинување на притворот.. Според неговиот бранител, неоснован е притворот заради страв од повторување на делото, бидејќи судијата веќе бил оддалечен од работното место, ниту работел на кривична материја.

„Дадена е жалба согласно закон и се бара поблага мерка бидејќи не е определен притвор поради опасност од бегство, а за другите точки, судот имал на располагање други мерки на обезбедување на судијата Наќе Георгиев за идниот тек на истражната постапка “, вели адвокатот Александар Тумановски.

Случајот ги седна на маса колегите на Георгиев.. Претседателката на Врховен ги информирала судиите за истрагата и оддалечувањето од судиската функција.. Се согласиле дека основна заложба на судот е независно судство ослободено од било какви влијанија..

Во Советот на обинителите идната недела ќе се разговара за Мемети. Претседателката Душица Димитриевска вели се разгледувале сите законски обврски кои би ги презеле.

Од таму појаснуваат дека Иџет Мемети е член на советот избран од собранието.