Македонија
15. јуни 2024 - 16:34

Во Прилеп се оддржа „Палачинкијада“ и се прогласи првенци на генерација

Крајот школската година и почеток на училишниот распуст Општина Прилеп повторно го означи со интересната и оригинална манифестастација „Палачинкијада“ на која на сите присутни ученици од основните и средни училишта на Паркот на Револуцијата им беа поделни околу 1.200 благи палачинки како и лимунада.

„На симболичен начин да им се посака на сите наши основци и средношколци кои ја завршуваат школската година да имаат еден убав летен распуст и в година со нови сили во нови победи“, рече Снежана Ристеска, советник за култура во Прилеп.

„Со овој сладок настан го прогласуваме започнувањето на летниот распуст, каде сите дечиња полнејќи ги батериите ќе можат од септември да покажат повторно интерес и ќе ги исполнат училишните дворови“, изјави Борче Ристески, градоначалник на Прилеп.

Беа прогласени и првенците на генерации од сите основни и средни училишта во Причеп на кои им беа поделени благодарници и дипломи.

Настанот беше потпомогнат од бизнис секторот во Прилеп и дел од  јавните институции.