Мекгарк: Само 30 проценти од руските воздушни напади во Сирија се врз цели на ИД
Американскиот специјален пратеник на меѓународната коалиција против Исламска држава, Брет Макгарк, денеска изјави дека само 30 проценти од руските воздушни напади во Сирија се насочени кон оваа екстремистичка група, информираа британските медиуми.
Според Макгарк, останатите руски напади биле изведени врз „други вооружени групи“, а коалицијата, на чело со САД, е форкусирана единствено на нападите врз Исламска држава.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека не гради дополнителни военовоздухопловни бази во Сирија.
Според портпаролот на ова министерство, Игор Конашенков, Генералштабот на сириските вооружени сили има докази дека воените авиони на западната коалиција на 6 декември извеле напади врз позициите на сириската армија во провинцијата Деар аз Зур, посочуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја
-
Речиси 64 илјади му требаат на четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби, пресмета ССМ
-
Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон
-
Матурант од Струмица пронајден мртов
-
На лузните од изгореници им треба време да заздрават
-
Извештај за родова самопроценка во одбраната: Родовите стереотипи постојат, но има видлив напредок
-
Преглед на вестите од светот