Извештај за родова самопроценка во одбраната: Родовите стереотипи постојат, но има видлив напредок
Жените треба да се грижат за децата, а мажите да бидат лидери. Ваква перцепција се уште има кај голем дел од вработените во одбраната, покажува Извештајот за родова самопроценка.
Мажите доминираат во однос на жените. Бројките покажуваат дека во Министерството за одбрана 32% од вработените се жени. Уште покритично е во Армијата, таму од целиот персонал само 11% проценти се жени.
Скоро половина од анкетираните во Армијата, како и високи 71% од министерството сметаат дека мажите никогаш не се наоѓаат во понеповолна положба од жените.
Претседателката порача дека жали што вистинската борба на жените во одбраната не почнува со мисиите, туку со борба за рамноправен статус со колегите мажи. Додека министерот за одбрана, вели дека приоритет е поголемата застапеност на жените во безбедносните структури – не само како бројка, туку како квалитет.
Прибирањето на податоците за Извештајот за родова самопроценка и Акцискиот план за унапредување на еднаквоста во институциите, се одвивал во периодот мај-октомври 2023 година, а изготвувувањето од јануари до март 2024-та година. Процесот е формализиран преку Договорот меѓу Министерството и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар