Преглед на вестите од светот
По 11 неделна блокада, Израел дозволи влез на 100 камиони на ОН со хуманитрана помош во Појасот Газа. Помошта се состои од храна за бебиња, конзервирана храна, лекови и вода.
Потегот на Израел уследи откако ОН го предупредија дека ја ескалира кризата со глад, потенцирајки 14.000 бебиња би можеле да умрат од глад во енклавата во следните 48 часа доколку Израел продолжи да го блокира влезот на храна за бебиња.
-Израел го олеснува влезот на камиони со храна за бебиња во Газа. Во следните денови Израел ќе го олесни влезот на десетици камиони со помош. „Количината на камиони што штотуку ја спомнавме веројатно покрива повеќе од неколку дена снабдување, изјави Еден Бар Тал, генерален директор на министерството за надворешни работи на Изарел.
ОН го пофалија потегот на Тел Авив, но велат дека не е доволен.
-Израелските власти привремено ни дозволија да продолжиме со испораката на помош, извинете, да продолжиме со „ограничената“ испорака на помош во Газа по 11 недели целосна, целосна блокада во услови на скок на воената офанзива. Но, тоа е капка во океанот на она што е итно потребно и мора да се дозволи значително поголема помош во Газа, изјави генералниот секретар на ОН, Стефан Дујариќ.
Во истовреме израелската армија продолжува со проширената копнена офанзива против Хамас во Газа а премиерот Нетњаху им порача на милититнатите дека војната може заврши утре доколку ги ослободат заложниците и го положат оружјето.
Европската Унија го усвои 17–пакет санкции против Русија. Таргет 200 бродови од таканеречената рускат флота во сенка. Станува збор за бродови кои носат руска нафта и нафтени деривати но пловат под знамето на друга земја и со тоа Кремљ продолжува да извезува и покрај сакциите/ објави еврокомесарката за надворешна политика и безбедност. Калас најавува и можност за уште построги мерки доколку Русија не ја прекине војната.
-Продолжуваме да работиме на следниот силен пакет санкции за да извршиме поголем притисок врз Русија, така што и тие би сакале мир. Потребни се двајца за да се сака мир. Потребно е само човек да сака војна. И Русија очигледно сака војна, додека Украина сака мир. Значи, за да ја натераме Русија да сака мир, ние исто така треба да извршиме поголем притисок врз Русија“.
И Велика Британија најави санкции насочени кон рускиот воен, енергетски и финансиски сектор. Потезите на Брисел и Лондон уследија откако Трамп во вчерашниот телефонски разговор со Путин не договори прекин на огнот, но најави преговори помеѓу Москва и Киев.
Путин изајви дека Москва е подготвена да соработува со Киев за да изготви меморандум што ќе служи како основа за иден мировен догоовор. Зеленски пак рече дека Киев е подготвен за натамошни преговори, но додаде дека мора да има јасни и реални предлози на преговарачката маса.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар