-->
-->
Меј: Ги разгледуваме следните чекори со сојузниците
-->
- Британската премиерка Тереза Меј денеска соопшти дека ќе ги разгледа следните чекори заедно со своите сојузници, откако Русија соопшти дека ќе протера 23 британски дипломати од земјата во врска со скандалот со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка, за што Лондон ја обвини Москва, која категорично ги демантира таквите тврдења.- Нема да толерираме закана за животот на британските граѓани на територија на Британија од страна на руската Влада, изјави Меј на форумот на Конзервативната партија во Лондон.
Според анонимен извор од руското Министерство за надворешни работи, на Британците ќе им биде дадено време за затворање на конзулатот во Санкт Петербург, а датумот ќе биде одреден согласно меѓународните норми.
Русија денеска донесе одлука да прогласи 23 британски дипломати за „персона нон грата“, како одговор на протерувањето на ист број руски дипломати од Британија. Тие ќе треба да ја напуштат Русија најдоцна за една недела.
Властите во Москва одлучија да го затворат и Британскиот совет во Русија.
Русија има право да преземе и други мерки против Лондон доколку Британија направи уште некои непријателски чекори кон Москва.
Скрипал и неговата ќерка и понатаму се наоѓаат во критична состојба по труењето се нервен гас на 4 март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
