Меѓународниот ден на слепите лица одбележан во Битола
Со јавна трибина и марш по Широк сокак, денеска во Битола, Здружението на слепи лица, локалната самоуправа и битолските Лајонси го одбележаа Меѓународниот ден на слепите лица – 15 октомври.
Тема на годинашната трибина беа можностите за нови вработувања на слепите лица. Лидија Шушак, вработена во Агенцијата за вработување во Битола, задолжена за комуникација со лицата со посебни потреби, истакна дека слепите лица можат да ја искористат програмата „Македонија вработува“ која ќе трае до април следната година, како и бесплатните обуки на Агенцијата.
- Создаваме услови за да го зголемиме бројот на нововработени слепи лица. Во моментов анкетираме околу 180 битолски фирми на кои им ги посочуваме законските поволности и олеснувања доколку вработат слепи лица и верувам дека наскоро ќе има такви можности. Мислам дека слепите лица посебно треба да ја искористат, рече Шушак.
Плановите и програмите на локалната самоуправа за помош и поддршка на слепите лица ги презентираше Благој Шаклевски, член на општинскиот Совет и најави изградба на дактилни патеки за рекреација на градското шеталиште, додека пак Драги Филевски, доскорешен прв човек на македонските Лајонси ја потврди континуираната поддршка и донации од кои посебно е значајна меѓународната донација од 500.000 долари за опрема на пет канцеларии во пет македонски градови меѓу кои и Битола.
По завршувањето на јавната трибина, сите учесници предводени од Стевче Костадиновски, претседател на Здружението на слепи лица – Битола го одржаа традиционалниот марш со бело стапче по Широк сокак.
Ново на Сител
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце