Масакр во Ел Фашер, повеќе од 2.000 цивили егзекутирани во последните 48 часа

Повеќе од 2.000 луѓе, претежно жени и деца, наводно се егзекутирани во последните 48 часа во Судан откако паравоените сили го зазедоа градот Ел Фашер.
Градот во западниот Судан падна во рацете на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) по повеќе од 18 месеци брутална опсада, давајќи им на групата контрола врз сите поголеми градови во огромниот регион Дарфур.
Сојузниците на армијата, Заедничката работна група, вчера изјавија дека РСФ „извршиле грозоморни злосторства против невини цивили во Ел Фашер, каде што повеќе од 2.000 невооружени цивили, претежно жени, деца и постари лица, беа егзекутирани и убиени на 26 и 27 октомври“.
Локалните групи и меѓународните невладини организации предупредија дека падот на Ел Фашер може да предизвика масовни злосторства, а Лабораторијата за хуманитарни истражувања на Универзитетот Јеил изјави дека овие стравувања се остваруваат.
МИА
Ново на Сител
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
-

Мицкоски: За реконструкција уште не е разговарано меѓу партиите
-

Се одложи судењето за Веаповска
-

Преглед на вестите од светот
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
