Мандолинскиот оркестар на МКЦ со концерт ќе ја одбележи 35-тата годишнина
Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар вечер ќе одржи концерт по повод 35 години од постоењето.
Членовите на оркестарот од сите генерации, под диригентство на Ванчо Јовчев, ќе изведат дела од Бах, Огински, Брамс, Пучини, Марчело, Вагнер, Хрисиќ, Трајковски, Бранѓолица..., како и „Македонско капричо“ од Драган Шуплевски.
Солисти на концертот ќе бидат Здравко Ангелов - кларинет, Гонце Богоромова - сопран, Јане Дунимаглоски - тенор и Ана Димовска - обоа. Влезот за посетители е слободен.
Мандолинскиот оркестар на МКЦ е основан во 1981 година од академскиот музичар Рамадан Шукри. Низ годините диригент беше и Сашо Татарчевски, а на една од турнеите во Португалија како гостин-диригент и Вања Николовски Ѓумар.
Ансамблот има освоено бројни државни и меѓународни награди и признанија. Има настапувано пред домашната публика и на сцени во Португалија, Шпанија, Белгија, Полска, Чешка, Австрија, Данска, Шкотска, Унгарија, Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Грција, Бугарија,... Оркестарот опстојува со поддршка од Министерството за култура и Град Скопје.
Ново на Сител
-
Нуркачи ќе го чистат охридското езеро
-
Русија ги нападна Одеса и Харков пред најавеното примирје од Путин
-
Приведено лице од дебарско, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта
-
Грк уапсен на ГП Богородица, поседувал 276 штеки цигари и 20 пакувања тутун без документација
-
Приведен грчки државјанин на ГП Табановце, во неговото возило е пронајдена марихуана
-
59 годишник допирал по тело малолетник во парк во Чаир
-
Зајакнување на оперативната соработка и заедничко профилирање на ризици со Царината на Турција
-
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава