-->
-->
Малолетник од Скопје криумчарел седум мигранти од Египет
-->
На 15.04.2025 во 20.00 часот на земјен пат во близина на мостот на Серменинска река во с.Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица лишиле од слобода малолетник од Скопје. При контрола во возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, биле пронајдени седум лица мигранти од Египет. Откако бил забележан од полициските службеници тој се обидел да побегне, но набргу бил фатен и приведен во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно - транзитен центар, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани