Македонските одбојкари се подготвуваат за Европската златна лига и претстојното ЕП во Скопје
По воведниот дел што беше реализиран во Маврово, македонската машка одбојкарска репрезентација ги продолжува во Скопје подготовките за настап во Европската златна лига и Европското првенство на кое ќе биде домаќин на крајот на ова лето.
Еден од најискусните во македонскиот табор, Владо Милев, во изјава за официјалниот сајт на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) изрази задоволство од текот на подготовките, наведувајќи дека екипата полека влегува во натпреварувачки ритам.
„По еднонеделните подготовки во Маврово сега влеговме во оваа втора фаза и сè тече во најдобар ред. Ме радува што здравствениот билтен е добар. Продолжуваме со засилено темпо да работиме на воигрување на екипата и полека да влегуваме во натпреварувачки ритам“, изјави Милев.
Настапот во Европската златна лига избраниците на селекторот Јошко Миленковски ќе го почнат на гостински терен против Украина во рамки на групата во која се и репрезентациите на Белгија и Холандија.
Натпреварите во Европската златна лига за македонските одбојкари ќе бидат добра подготовка за централниот настан што ги очекуваа година и настапот на Европското првенство, од 18 август до 16 септември, на кое Скопје ќе биде еден од градовите домаќини.
Макеоднската репрезентација е во групата Ц заедно со Црна Гора, Полска, Холандија, Чешка и Данска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко