Македонски уметници на изложба за 50 години од „2001: Одисеја во вселената“
Режисерот Јане Алтипармаков и фотографката Наташа Гелева ќе учествуваат на изложбата „2001: Одисеја во вселената - 50 години“ која на 21 март ќе биде отворена во Филмскиот музеј во Франкфурт.
Се работи за ретроспективна изложба во чест на култниот филм на Стенли Кјубрик од 1968 година, кој и официјално од Американскиот филмски институт е прогласен за најдобар научно-фантастичен филм.
Алтипармаков и Гелева ќе ја претставуваат македонската културна сцена на официјална покана и препорака од Јан Харлан, извршниот продуцент на филмовите на Кјубрик.
Покрај промоцијата на нивни дела, македонските автори ќе сработат и фоторепортажа за изложбата, која подоцна ќе биде презентирана во јавноста.
Изложбата за половина век од „2001: Одисеја во вселената“ е составен дел од Кјубрик-фестивалот, иницијатива од Фондацијата „Стенли Кјубрик“.
Содржини на Кјубрик-фестивалот досега се поставени во Мексико и Данска, а дел од фестивалот беше и Македонија преку ревијата филмови на Кјубрик на минатогодишниот Скопски филмски фестивал.
На јубилејната изложба во Франкфурт посетителите ќе имаат можност да погледнат артефакти од снимањето на епскиот научно-фантастичен филм - познати, но и не толку познати за пошироката јавност.
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен