Мадуро: САД се закана за светскиот мир
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро во говорот пред Обединети нации оцени дека САД се закана за мирот во светот. – САД се најсериозна закана со која се соочува нашиот мултиполарен и мулитицентричен свет, обвини Мадуро, додавајќи оти администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп јасно покажува презир кон мултилатеризмот.
Мадуро истакна и дека Венецуела „е под постојан напад од империјата САД“ и побара укинување на санкциите кои се воведени со цел да се смени власта во Каракас.
И самопрогласениот привремен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо се обрати до меѓународната заедница преку видео порака емитувана на социјалните мрежи. – Мадуро воопшто не сака да ја реши економската, социјалната и политичката криза, наведе Гуаидо. Тој го обвини Мадуро за прогон на политичките противници и кршење на човековите права. – Ние бараме помош од меѓународната заедница.
Дојде време за одлучна акција, истакна опозицискиот лидер. Гуаидо и Мадуро водат борба за превласт од почетокот на 2019 година. Голем број држави, меѓу кои САД и Германија го признаа Гуаидо за легитимен привремен претседател на Венецуела, но Мадуро има поддршка од армијата.
Ново на Сител
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден
-
Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите