-->
-->
Мадона купи куќа во Португалија
-->
Поп ѕвездата Мадона одлучи да се пресели во околината на португалскиот главен град Лисабон, со цел на својот син да му овозможи се што му е потребно за градење професионална фудбалска кариера.
Куќата која веќе ја купила, наводно чини околу 5,7 милиони евра, пишува „Дејли Меил“.
„Кралицата на попот“, како што ја нарекуваат фановите, сака да се пресели од Њујорк во Португалија со целото свое семејство, со цел нејзиниот син Дејвид Банд да може да тренира во јуниорскиот тим на фудбалскиот клуб Бенфика.
Децата пак, образованието ќе го продолжат во престижната школа „Француски лицеј“, каде школарината за една година изнесува 34.000 евра.
Преселбата ќе се случи во септември, посочува изворот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата